Албумот „Double Fantasy“ на Џон Ленон и Јоко Оно, потпишан од Ленон до Марк Чепмен, неговиот убиец, ќе се најде на аукција.
Goldin Auctions го продава албумот „Double Fantasy“ со автограмот на Ленон, со почетна минимална цена од 400.000 долари, а аукцијата се отвора на 23 ноември.
Доцна попладне на 8 декември 1980 година, во Њујорк, Чепмен застрела член на Битлси. Плочата дури помина како доказ во случајот на убиството – покрај автограмот на Ленон, содржи и полициски белешки. Убиецот дошол во куќата на музичарот и му испукал пет куршуми во грбот.
.jpg)
Да потсетиме, убиецот на Џон Ленон во септември ѝ се извини на уметникот Јоко Оно, вдовицата на уметникот, 40 години по трагичниот настан. Самата Јоко Оно била присутна за време на убиството. Чепмен рече дека го сторил злосторството за слава. „Само сакам да повторам дека жалам за моето злосторство. Немам оправдување. Направено е од нарцизам. Верувам дека ова е најлошото злосторство што може да биде – да се направи нешто страшно на невина личност“, рече тој.