Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Актерката објави дека станала трансродово лице

Американската актерка која беше номинирана за Оскар во 2008 година за нејзината улога во филмот Џуно, 33-годишната Елен Пејџ, објави дека се идентификува како трансродов човек по име Елиот, пренесуваат американските медиуми. Елен призна дека е лезбејка пред шест години, а четири години подоцна се венчала за 26-годишната канадска танчерка Ема Портнер. „Драги пријатели, сакам да споделам со вас дека сум трансродово лице, јас ги користам заменките тој/таа за мене и се викам Елиот“, напиша актерката на својот Фејсбук профил.

„Се чувствувам среќно што можам да го напишам ова, да бидам на ова место во мојот живот“, каде во продолжение Елиот побара од фановите трпеливост. Призна дека се плаши од „инвазија на неговиот живот, омраза, шеги и насилство“ со кои може да се соочи.

„Мојата работа е вистинска, но јас сум ранлив. Вистина е, иако се чувствувам длабоко среќен и знам какви привилегии имам, но сепак, се чувствувам исплашено“, додаде тој. Во објавата нè откри дали има намера да оди на операција за промена на полот, но ги смени корисничките имиња од @TheEllenPage во @TheElliotPage. Им се заблагодари на своите најблиски за поддршката. „Јас сум навистина благодарен што ми помогнаа да дојдам до фаза во која сум доволно уверен дека сакам да станам вистинската“, напиша Елиот.

Нејзината/неговата сопруга Ема изрази поддршка за неа/него на Фејсбук профилот. „Многу сум горд на Елиот. Транс, квир и небинарни лица се подарок за овој свет. Барам за вашето трпеливост и приватност и да ми се придружите во поддршката на транс-животот секој ден. Животот на Елиот е подарок, ѝ само блеска, драга Е. Те сакам многу ’, напиша таа во објавата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Секој што ги вклучи социјалните мрежи во последните два дена не можеше да избегне вистински налет на мемиња и видеа чија sвезда беше топло...

Cotton Club

Комбинации на бои кои вреди да се погледнат! Бојата е деликатна работа. И можеби комбинирањето на боите е една од најтешките работи во модата....

Green Tea

Суви снегулкиЖитарките за појадок често содржат многу јаглени хидрати и шеќери. Како резултат, тие можат да доведат до скок на шеќерот во крвта што...

Cotton Club

Врската помеѓу принцот Чарлс и принцезата Дајана стана особено бурна кон крајот на нивниот брак. Кога синот на британската кралица конечно се увери во...

Advertisement