Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Адел подготвува нов албум по пауза од шест години

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод!

Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов албум!

Четвртиот албум на sвездата ќе биде објавен по пауза од скоро шест години – претходниот албум „25“ е објавен во 2015 година. За тоа време, поп дивата успеа да го смени изгледот и да се разведе – а темата за развод ќе се појави и во новите песни. Инсајдерот откри дека пејачката ги поминала последните месеци во студиото снимајќи нова музика – и дека со нетрпение очекува да ја сподели со светот.

Исто така, близок пријател на пејачката, британскиот ТВ водител Алан Кар, навести за претстојното издание на албумот. „Слушнав неколку песни од албумот. Ох боже, неверојатно е добар. Овој глас е како стар пријател. Постојат неколку пејачки кои имаат сличен глас како Адел. Но, кога ќе ги слушнете нејзините песни – и сфаќате дека има само една Адел “, изјави Кар во едно интервју.

Да потсетиме, последниот голем настап на пејачката во јавноста се случи минатиот октомври – таа се појави во епизодата на програмата Saturday Night Live. Потоа ја изненади публиката со неверојатно слабеење и признала дека сè уште не го завршила новиот албум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Ема Корин повторно станала sвезда на кампањата Miu Miu и претставува парчиња од новата колекција есен/зима 2021: „A Brave Heart“. Позирала пред објективот на...

Green Tea

Поради зголемено потење, повеќе од нив ги губиме… Можете да добиете доволно минерали преку правилна исхрана. Што, се разбира, вклучува многу различни свежи зеленчуци....

Fine Living

На овогодишната Олимпијада која се одржува во Токио нема да има публика, но тоа не значи дека нема да уживаме во сите спортски натпревари…...

Fool Moon

За да го разгледаме подетално хороскопот на забавен, женствен и „модно освестен“ начин, ќе го запознаеме секој знак во малку поинакво светло. На пример,...

Advertisement