• Сподели на:

Заводливи трепки со помош на фен 

___

Баталете го она гротескно помагало за виткање трепки! За заводливи трепки ви се потребни само фен за коса и добра маскара!

Се што треба да направите е пред шминкање да го вклучите фенот, јачината на воздухот да го ставите на највисок, а топлината на најнизок или на среден степен. Ставете го првио0т слој на маскара и усмерете го фенот на трепките од долу, за да почнат да се виткаат под дејство на топлината и воздушното струење. Повторете ја постапката со вториот слој маскара.

Дури кога ќе завршите со едното око, применете го овој трик и на другото. На крајот, доколку имате, притиснете го синото копче на фенот за активација на ладен воздух, затоа што така ќе ги фиксирате трепките.


Оставете коментар

___