Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Легендата која сѐ уште живее: Coco Chanel

Митот на дизајнерската куќа продолжи да живее и по смртта на оваа модна икона. Брендот Coco Chanel во почетокот се судри со бројни проблеми, сѐ додека на местото уметнички директор не дојде германскиот дизајнер Karl Lagerfeld кој за своите креациите ги следи идеите на Coco Chanel.

Chanel-5005

Каква би била модата денес без Coco Chanel? Нејзините креации и денеска ги носат познатите ширум светот, а за “митот на Chanel” може да се види и дознае од изложбата која во нејзина чест е отоврена во Хамбрург, Германија.

Доколку носите креација на Coco Chanel, бидете сигурни дека нема да ви недостасува самодоверба.

Тој едноставен фустан ќе прерасне во своевидна униформа за сите жени кои имаат вкус – изјавила познатата модна дизајнерка за читателите на списанието “Vogue” во далечната 1926. Chanel не мислела на ништо друго, туку на познатиот “мал црн фустан.”

Најразлични модели од таа креација и денеска имаат посебно место во плакарите на припадничките на понежниот пол. Всушност, Chanel не е таа која го измислила “малиот црн фустан”, но таа од ова едноставно, но елегантно парче облека создала моден култ. Со тесниот црн фустан во тоа време таа ги руши сите друштвени табуа. Дотогаш жените беа прилично покриени, а црната боја беше карактеристична за слугинките. Но, самиот магазин “Vogue“ исто така верува во успехот и објавува статија со наслов “Фустан кој ќе го носи целиот свет”. И така беше.

Koko-Sanel3-670x670

Во меѓувреме, жените од целиот свет ги носат фустаните на оваа дизајнерка. И не само фустаните, туку и костуми, ташни, шешри и накит. Не треба да ги заборавиме и добро познатите парфеми како “Chanel N° 5″. “Митот за Chanel” може да се почувствува на изложбата во уметничкиот музеј во Хамбург. Од 28 февруари до 18 мај 2014 година може да се доживее духот и историјата на делата од модната империја бидејќи изложбата опфаќа 70 креации на Coco Chanel. Можеби ќе видите и креации на други модни дизајнери кои биле инспирирани од работата на Coco Chanel.

Вивнувањето во модниот свет во ниеден случај не и бил предодреден на Gabrielle Chanel, која е родена 1883 година. По смртта на нејзината мајка, од 1895 година Chanel живее во домот за сираци. Надимакот “Coco” го добива неколку години подоцна кога настапува како пејачка во еден кабаре бар. Но, нејзина љубов беше модата, не музиката.

Koko-Sanel4

Во 1910 година го прави првиот голем чекор во овој бизнис. Coco Chanel во Париз отвора продавница за шешири. Во 1913 го отвора модниот бутик, а две години подоцна и модната куќа. Во дваесетите години на XX век “малиот црн фустан” станува вистински хит помеѓу дамите и ова е времето кога француската модна дизајнерка веќе е и финансиски обезбедена.

Но зошто баш нејзините креации беа добро прифатени?

На женското тело повторно му е дадена слободата – изјавила во еден наврат познатата дизајнерка. За време на 1920-тите години, жените сѐ помалку го покривале своето тело, а со тоа и самодовербата им станувала сѐ поголема. Во овој период корсетите веќе му припаѓале на минатото. Chanel со своите креации го означува вкусот на тоа време и ги задоволува потребите на целната група. Едноставно и елегантно, удобно и со стил – тоа се нејзините креации.

Но, Chanel пред сѐ била посебна. Од нејзината модна куќа никогаш не излегол модел кој таа самата не би го облекла. Старата поговорка гласи “Облеката го прави човекот”, па во согласност со тоа Chanel допринесува во создавањето на “новата жена” која повеќе нема допирни точки со застарениот друштвен стил и строгите морални норми. Должината на фустанот се крати до под колена. Но, Coco понекогаш носела и пантолони.

Koko-Sanel1

Митот на дизајнерската куќа продолжи да живее и по смртта на оваа модна икона. Брендот Coco Chanel во почетокот се судри со бројни проблеми, сѐ до 1983 година кога на местото уметнички директор дојдаѓа германскиот дизајнер Karl Lagerfeld кој за своите креациите ги следи идеите на Coco Chanel. Рецептот за големиот успех на оваа модна куќа би можел да се објасни со следнава реченица: “Добро скроениот фустан и прилега на секоја жена. Точка!”. Толку едноставно се објаснува митот за неа.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...