Дизајните што ги носат топ моделите се спој на естетиката на две италијански модни куќи, сите фотографирани од Стивен Мајзел. Донатела Версаче дизајнираше стајлинзи за Fendi од Versace, а Ким Џонс за Versace од Fendi. Наоми Кембел, Ања Рубик, Иман Хамам, Адут Акеч, Лина Занг, Кристен Мекменами и Амар Акваи се меѓу многуте ѕвезди кои се појавуваат во кампањата на Fendace.
Костими за капење, чанти, фустани, златен накит и шарени шалови се дел од работите кои стилистот Џејкоб Кеј ги нагласува во рекламната кампања. За совршениот изглед на манекенката е заслужна шминкерот Пет Мекграт, додека фризурите ги направи Гвидо Палау.
„Кампањата го опфаќа истото чувство на пријателство и енергија што го имавме кога ја дизајниравме колекцијата“, рече Донатела Версаче, главен креативен директор на Versace.„Ким е визионерска дизајнерка и иноваторка. За мене, Фендас секогаш ќе значи љубов“.




