Дебитираше на Нетфликс на Божиќ и, како што објави стриминг платформата, веќе ја погледнале 63 милиони домаќинства. Серијата „Bridgerton“, од Шонда Рајмс, се чини дека создава трендови на повеќе нивоа.
Модата е, се разбира, прва и најосновна, бидејќи костумите на серијата (вкупно 7.500) веднаш оставија впечаток и се дискутираа. Во исто време, британскиот моден совет ги здружи силите со Нетфликс и младите студенти на мода, кои дизајнираа серија фустани инспирирани од естетиката на ерата на Regency, која инаку се одвива во приказната.
Неодамнешниот извештај на популарната британска трговска платформа Lyst исто така го докажа огромното влијание на серијата врз расположението за купување на гледачите – потрошувачи: за време на првиот период од серијата Бриџртон, потрагата по корсети се зголеми за + 123%, за бисери + 49%, за долги нараквици за + 23% и за балски фустани + 93%!
Во својот извештај, Lyst забележува специфични парчиња што предизвикаа зголемен интерес за купување од јавноста. Меѓу нив има ленти за коса од колекциите на Simone Rocha и Magnetic Midnight, корсети од брендовите Rasario и Dion Lee, и фустани од Brock Collection и Erdem.





