Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

“Birkenstock” – Најмодерните обувки во сезоната

Секој од нас барем еднаш слушнал за влечките Birkenstock.

Не е ни чудо: „грдите“ влечки кои некогаш се користеле за ортопедски цели, денес се најмодерни обувки во сезоната. Покрај тоа, сите груби влечки со лесен ѓон од плута почнаа да се нарекуваат со името на оваа марка.

Овој тренд се појави со причина. Од пандемијата, работните денови дома нè потсетија дека нема чевли поудобни од влечките, а Birkenstock со анатомски ѓон е совршена алтернатива на отворено. Фидбекот на социјалните мрежи е буквално преплавен со фотографии на различни модели од сите бои.

Најпознатите девојки комбинираат влечки од Birkenstock со чорапи и удобни тренерки или хеланки.

Не мора да се ограничувате на вообичаените модели на Birkenstock со два ремени – има многу опции што се нудат оваа сезона. Можете да носите влечки со груб изглед со романтичен фустан и, да речеме, кардиган. Може да се носат на пролет со комплети трикотажа, а во текот на летото на плажа или покрај базен во комбинација со костим за капење и панама шешир.

Откријте ги најдобрите модели во нашата галерија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Црните плажи се појавуваат на места кои некогаш имале силна вулканска активност или се во близина на сѐ уште активни вулкани. Долгите бели песочни...

Cotton Club

Иконски чанти, чевли и други детали добија летно, песочно освежување… Откако ја покажа својата најнова колекција во Шангај, Марија Грација Кири штотуку ја лансираше...

Fool Moon

Еден ден некој го праша најбогатиот човек на светот: „Дали има некој побогат на светот од тебе?“ Најбогатиот човек одговори: „Да, постои личност која...

Fine Living

Кога ќе го слушнеме Alvisi Kirimoto + Partners, првото нешто што ни паѓа на ум е ништо друго освен извонредност во архитектурата и уметност...

Advertisement