На премиерата на нејзината нова криминална серија „Candy“, актерката Џесика Бил се појави во бело од глава до пети. Едноставната, но ефикасна комбинација беше онаа која среќно се пресликува во топлиот дел од годината.
Таа спои бел кроп топ без ракави со волуменозни бели панталони со висок струк со назабени рабови, кои целосно и ги покриваа чевлите. Панталоните се дел од колекцијата на модната куќа Giambattista Valli .

Едноставната бела комбинација ја зачини со парчиња златен накит, а нејзината брановидна коса изгледа како да е создадена за пролетни и летни денови.
Белите панталони се модел од кој многу дами не се откажуваат ниту во најтоплиот дел од годината. Дури и кога фустаните и здолништата го заземаат водството во модните комбинации, белите панталони остануваат елегантно и разноврсно парче кое совршено функционира како дел од лежерните, но и свечените комбинации.
