Заедно со неколку ѕвезди во впечатливи креации, ќерката на Гвинет Палтроу, 18-годишниот Епл Мартин, успеа да го привлече целото внимание на ревијата на високата мода на Chanel на модната недела во Париз. Убавата тинејџерка го привлече вниманието со својата неверојатна сличност со нејзината мајка, што поттикна коментари дека личи како помлада сестра близначка!

Таа облече многу шик комбинација на мини фустан со сив, црно-бел дезен, на кој носеше блејзер со истиот дизајн.Својата руса коса и беше пуштена надолу преку рамениците и ја носеше шминката во стилот на нејзината мајка, користејќи црна сенка за да ги истакне нејзините прекрасни сини очи и нежна нијанса праска боја кармин за да ги истакне нејзините сензуални усни.

Изгледот го направи кул и младешки со дијамантските обетки во облик на срце Chanel и едноставна црна нараквица, а сè заокружи со црна чанта Chanel и мокасини во иста боја.

Ви благодариме што конечно го дефиниравте значењето на поимот „непо бебе““, напиша еден фан на социјалните мрежи, со кој многумина се согласија. Гвинет Палтроу навистина има достоен наследник!
Познатата 50-годишна актерка ја користи секоја прилика да помине квалитетно време со својата најстара ќерка, особено откако Епл минатата есен замина на студии во Њујорк. Таа неодамна позираше со својата ќерка во бикини за да се збогува со 2022 година и покажа како може со одличен стил да влезете во Новата година во семејна средина.