Убави вести пристигнуваат од модната куќа Louis Vuitton!
Познатиот парфемер Jacques Cavallie ни подарува нов парфем Louis Vuitton Étoile Filante кој треба да се појави на пазарот во следните неколку недели.
Оваа миризлива креација се заснова на ноти на бел мошус, додека „срцето“ на парфемот се состои од османтус, магнолија и јасмин. Врвните ноти ги разгорува сетилата и инспирираат, а се вткаени во мирисна комбинација на слатки јагоди.
Etolie Filante значи стрелачка sвезда. Тоа е токму симболот на остварување на соништата, навестува на блескава топка која во вечерните темни часови претставува надеж и желба за подобро утре. Капка парфем е неодолива асоцијација на радост, метафора за патување без граници и магија скриена во препознатливо шише.
Како што истакнува Jacues Cavallier, цветот османтус – цвет од Далечниот исток – му дал посебна инспирација за неговата креација. Обезбедува специфична арома и е вистинско откритие меѓу суровините за парфеми што ги откри пред многу години во лабораторијата на неговиот татко.
Парфемот е уникатен овошен-цветен состав. Софистициран и нежен, со ноти на јасмин, магнолија од Кина и впечатливи ноти на јагода, тој е идеален за пролетните денови.