Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Шарлиз Терон, Кара Делевињ, Парис Гебел: Диор започна серија интервјуа за извонредните жени на нашето време

Диор најави започнување на голем проект, чија цел е да ги мотивира жените ширум светот да се развиваат, да постигнуваат голем успех и да споделуваат искуства со другите. Меѓу поканетите хероини: познатата актерка Шарлиз Терон, Ли Бингбинг, Голшифте Фарахани, Џалика Апарисио и Лејн Блум, супермоделот Кара Делевињ; танчерката и кореограф Парис Гебел, фотографката Памела Тулисио, професорката Марина Кавазана, која според брендот стана една од „пионерите во генетската терапија“.

Како што можете да видите, не само холивудските sвезди, туку и непознати многу талентирани жени се согласија да ги споделат своите приказни, да раскажат за настаните од нивните животи што ги обликуваа и ја одредија нивната судбина.

Џалика Апарисио

Мексиканска актерка која се прослави низ целиот свет благодарение на учеството во снимањето на филмот на Алфонсо Куарон „Рома“. Нејзината дебитантска улога беше номинирана за Оскар во 2018 година. Во своето видео, девојката зборува за нејзината улога како амбасадор на добрата волја на УНЕСКО, помагајќи им на луѓето од домородните заедници, сонува за универзална еднаквост и еднакви права. Заедно со Шарлиз Терон, таа исто така ја поддржува иницијативата помагајќи им на младите студенти од Јужна Африка кои сонуваат за успех.

Кара Делевињ

„Кога ќе го разгледаме потеклото на нашата култура, ни станува јасно дека многу неверојатни жени кои живееја пред нас ни го дадоа своето наследство, ни го отворија патот да бидеме слободни, силни и успешни. Тие ни дадоа можност да бидеме непопустливи – да бидеме свои “.

Лејн Блум

Лејн Блум е првиот црн трансродов модел кој ги украси насловните страници на неколку одлични списанија. Како успешна актерка и модел, таа ја персонифицира колективната слика на слободна личност која успеа да ги надмине сите животни тешкотии и да најде сила да постигне успех. Во своето интервју, Лејн зборува за тоа како станала пример за илјадници тинејџери, како ги инспирира и како е инспирирана самата.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Не толку одамна, американскиот бренд Rowing Blazers го лансираше легендарниот џемпер „Принцеза Дајана“ со слатки овци. Не е тајна дека Лејди Ди била икона...

Fool Moon

Ако го обожававте филмот Титаник, секакo не заради трагедијата, туку заради искрената љубовна приказна на Роуз и Џек, или цел живот сонувавте дека ќе...

Four Seasons

Светли бои како портокалова, тиркизна и розова, симетрија, носталгија за минатото во старите возови, телефонски штандови и заборавени сообраќајни знаци, хотели и светилници …...

Fool Moon

За разлика од другите хороскопи, бурманскиот хороскоп се потпира на денот во неделата кога сте родени наместо на годината. Астрологијата постои скоро онолку време...