Канскиот филмски фестивал е во полн ек и како и секоја година ги слави најдобрите достигнувања на меѓународната кинематографија.Ѕвездите на црвениот тепих прошетаа во своите најдобри комбинации, а посебно внимание привлекоа моделите.
Познатите личности се вратија на француската ривиера во екстравагантни комбинации кои зрачат со раскош резервиран исклучиво за црвениот тепих во Кан.
Канскиот филмски фестивал трае до 27 мај, уште пет дена ќе бидеме сведоци на најдраматичните и најлуксузните креации по избор на јавни личности. На премиерата на филмот „Firebrand“ посебно внимание привлекоа познатите манекенки.Додека нејзината помлада сестра и супермодел Бела Хадид редовно го посетува Кан, ова е прв пат Џиџи Хадид да се прошета на црвениот тепих на престижниот филмски фестивал.Џиџи за оваа пригода избра прекрасен фустан од дизајнерот Жан Пол Готје и ги собра погледите на присутните.

Секој дел од нејзиниот стајлинг беше достоен за внимание. Реинтерпретацијата на Џиџи на иконскиот дизајн Y2K беше доказ за нејзиниот моден сензибилитет и острото око за елеганција. Одлучувајќи за помалку драматичен пристап, таа маѓепса во палета на беж бои кои зрачат со софистицираност и безвременска убавина. Силуетата на фустанот ја истакна високата и витка фигура на Џиџи, поради што изгледаше феноменално.
Уште еден одличен изглед подготви 52-годишната Наоми Кембел и за премиерата на филмот „Firebrand“.Супермоделот се одлучи за бел макси фустан со шлиц кој ја истакнуваше нејзината фигура.Познатата Британка привлече внимание, а многумина се согласија дека таа најдобро изгледала на црвениот тепих тој ден.

Супермоделот Ирина Шајк е позната по смелите модни избори за црвениот тепих,па избра еден и за Кан. На премиерата на филмот, 37-годишната руска манекенка ги покажа своите најдобри атрибути во топ и здолниште од дизајнерката Мовалола.За ова екстравагантно издание таа се одлучи за минималистички изглед на шминка, долгата коса ја смести зад ушите, а како накит носеше светкав дијамантски синџир. Нејзиното последно излегување на црвениот тепих ги подели фановите на социјалните мрежи. Додека едни велат дека Ирина не може да згреши кога е модата во прашање, други велат дека очекуваат многу повеќе од неа.
