Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Халстон лансира колекција на вечерни фустани базирана Netflix серија

Мини серијата Халстон на Нетфликс предизвика интерес во модата дури и кај оние кои беа далеку од овој свет.

Сега буквално можете да го допрете генијалецот на Рој Халстон: брендот Halston, предводена од Роберт Родригез, ќе објави капсулна колекција заснована на фустаните од серијата. Колекцијата содржи 10 модни стилови, а парчињата може да ги нарачате веднаш на веб-страницата на брендот. Ќе мора да почекате барем до крајот на јули, кога Halston ќе започне со испорака.

Секое од 11-те парчиња облека од колекцијата е именувано според музите на дизајнерот: проѕирен свилен фустан во богата сина нијанса се вика Елса, златен кафтан со метален сјај Лиза и макси фустан покриен со сребрени светки Бјанка. Цените започнуваат од 945 американски долари за моделите Лорен и Грејс, а за пософистицираните модели на Беверли и Елизабет достигнуваат до 1.595 долари.

Во последниве години, беа направени многу обиди да ја вратат поранешната слава на модната куќа Рој Халстон – за кратко време дури и Сара Џесика Паркер била вклучена во нејзиниот креативен правец. Сепак, заслугите на дизајнерот за американската мода не беа секогаш препознаени: во 1983 година тој потпишал фатален договор вреден милијарда долари со ланецот стоковни куќи J. C. Penney. Иако соработката на луксузните брендови со стоковните куќи е вообичаена денес, во 80-тите години на минатиот век, одлуката на Халстон го чинеше неговиот углед на крајот на кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement