Актерката и пејачка Џенифер Лопез блесна во секоја смисла на премиерата на нејзиниот нов филм, која се одржа во средата вечерта во Лос Анџелес.
Во романтичната комедија „Свадба со пушка“ Џенифер глуми со Џош Духамел. Тие двајца одлучуваат да се венчаат на екстравагантна локација, каде што ги собираат членовите на нивните семејства. Ситуацијата ја усложнува заложничката криза…
Латино дивата зачекори на црвениот тепих во беж фустан од проѕирен материјал, покриен со златни светки. Креацијата е дело на модната куќа Valentino.

Раскошниот долг фустан со високо деколте изгледаше како ѕвездата од романтичната комедија да носи долга наметка. Под проѕирниот фустан се гледаше боди во беж боја украсена со светло жолта машна врзана околу половината.

Пејачката ја врза косата во елегантна пунџа, а едно од најсензационалните изданија го заокружи со впечатливи парчиња накит, меѓу кои се истакнаа висечките сребрени обетки и жолтата клач чанта на брендот Tyler Ellis.

Кога станува збор за обувките, таа се одлучи за светкави чевли со платформа и висока пета.