Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Софија Вергара: флип-апостолки со потпетица кои секогаш предизвикуваат чудење…

Софија Вергара сака слободното време да го поминува во шопинг, па затоа посетила продавница за накит во Беверли Хилс. Додека пазарела била во машко друштво, а со себе го зела и саканото милениче, кученцето Баблс.

Една од најголемите љубители на вртоглави потпетици во Холивуд ретко паузира од високите потпетици, а омилениот тип на обувки го носеше и при посетата на една златарница во Беверли Хилс.

Познатата убавица се одлучи за полежерен аутфит составен од светло беж панталони со пошироки ногавици кои допираат над глуждот. Станува збор за модел на панталони идеални за летните горештини, како и за шарениот, лелеав горен дел со тенки прерамки што актерката го носеше.

Посебно внимание привлекоа чевлите на Софија, поточно белите апостолки со проѕирен дел кој го држи стапалото.Апостолките имаат платформа и екстремно висока тенка потпетица, токму во стилот кој Софија Вергара го обожава. Ваквите чевли со „фиџуу“ потпетица секогаш предизвикуваат чудење бидејќи шетањето во нив не е нималку лесно, но Софија го има доведено до совршенство.

Таа дополнително го подигна својот шопинг стил со висечки обетки и убава жолта чанта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Advertisement