Елизабета Франки ја претставува кампањата за пролет/лето 2023 година, во која се појавува – за прв пат – меѓународно признатата амбасадорка на брендот Георгина Родригез.
За прв пат во историјата на модната куќа, Елизабета Франки избра меѓународно име за амбасадор на брендот што ја отелотворува идејата за самоуверена и самосвесна жена. Рекламната кампања ја сними фотографот од Болоња, Нима Бенати, додека Георгина Родригез е идеална протагонистка на индивидуална и елегантна нарација, со естетски влијанија, различни култури и нови вибрации кои служат како фил руж што се провлекува низ пролет/лето колекцијата од 2023 година.

Џорџина отсекогаш изгледала како жена во склад со мојот свет и е совршена претстава за оние кои ги носат моите креации“, коментира дизајнерката. „Самосвесна, силна,но секогаш сензуално проникната со допир на меѓународна софистицираност – тоа се вредностите на брендот како што ги толкува Бенати, кој успеа на прекрасен начин да ја долови целата сила на посебните карактеристики и експресивност на Џорџина Родригез.
