Смело и многу стилско решение на познатиот модел…
Ирина Шајк веќе долго време не е само една од најпознатите и најуспешните модели од Русија, туку има стекнато и статус на вистинска икона во светски стил. Затоа, девојката е придружена со папараци не само на јавни настани, туку и на улиците во Њујорк, каде често се појавува со својата ќерка.
Новиот изглед на Ирина Шајк не беше исклучок. Забележана е во Њујорк додека се враќала со својата ќерка од градинка. Шајк избра кремаст „total look“ за прошетка (мора да признаете, доволно храбра за снежно време) – и буквално ги привлече погледите на сите. Комбинацијата на облека се состоеше од долго палто и широки палацо панталони од брендот Paris Georgia. Облеката ја комплетирала со црна класична ролка.
Црната капа на Ирина Шајк од украинскиот брендот Ruslan Baginskiy и помогна да го комплетира својот изглед. На нејзините нозе, манекенката носеше масивни црни чизми Bottega Veneta. Изгледот го заврши со заштитна маска и очила за сонце во невообичаена форма.