Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Се двоумите какви патики да изберете за оваа пролет? Изгледа дека наредните месеци ќе бидат одбележани од овие неодоливи модели!

Високи патики, судејќи според предвидувањата на модните експерти, ќе ги одбележат месеците пред нас, па доколку не сте сигурни кој модел да го изберете, нема да погрешите со нивните младешки варијанти.

Досега сè беше повеќе во знакот на класичните модели на ниски патики до под глуждот, но оваа сезона, модните трендови диктираат високи варијанти кои се многу привлечни.

Овој тренд се поврзува со враќањето на легендарните Џорданки, односно култниот модел на Nike Air Jordan 1 патики, кои редовно ги носат познати трендсетерки како Џенифер Лопез, Бела Хадид или Хејли Бибер во нивните кул изданија.

Нивната разноврсност и ретро изглед многу добро се вклопуваат во моменталните трендови на носење спортска облека што експлодираа за време на пандемијата и во никој случај не покажуваат знаци на слабеење.

Патики високи до глуждот, како класичните „старки“, кои ги обожава манекенската сензацијата Каја Гербер, на пример, или култните Jordans патики некогаш биле резервирани за спортисти, но сега тие владеат со градските улици.

Патиките високи до глуждот, покрај тоа што се неверојатно кул, гарантираат високо ниво на удобност, но и безбедност при движење, бидејќи цврсто ги држат зглобот и стапалото и обезбедуваат многу поголема стабилност.

Згора на сето тоа, овие модели оддаваат модна атмосфера од 80-тите и 90-тите години, што совршено одговара на моменталната ретро возбуда создадена околу широки фармерки и модели кои ги вклучуваат до неодамна омразените влошки на рамото.

Ако не сте воодушевени од старки или Џорданки, има безброј кул модели, на пр. SK8-Hi на брендот Vans, Nike’s Blazer Mid 77 или импресивниот модел Model 84 на Adidas. Секако, и Прада, Изабел Марант или Гучи нудат патики од висок ранг. Во секој случај, високите патики се враќаат и изгледаат подобро од кога било.

Значи, ако сè уште се двоумите, можеби ќе ве убедат одлични модни комбинации кои вклучуваат вакви модели од профилите на познати инфлуенсери на Инстаграм.

Како да ги стилизирате? Сè е дозволено, па комбинирајте ги со кожни панталони, широки фармерки, хеланки, ребрести плетени пролетни фустани, весели макси здолништа …

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Не мора да чекате лето за да носите плетени торби. Плетени чанти видовме во колекциите на многу брендови за сезоната пролет/лето. На пример, Dolce...

Fool Moon

Вивиен Вествуд наполни 80 години – а легендарната дизајнерка реши да го прослави роденденот на поинаков начин. Во чест на нејзиниот роденден, таа ќе...

Four Seasons

Ако не сте месојад, веруваме дека оваа листа ќе ви помогне. Но, дури и да сте месојад, не е важно, можеби овие градови ќе...

Green Tea

Целерот е познат како природен антисептик Секој природен лек е добредојден за време на пандемија, а истото важи и за сокот направен од целер,...

Advertisement