Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Сара Џесика Паркер го украде целото внимание во лудо добриот стајлинг со ориентален амбиент….

Актерката Сара Џесика Паркер е позната по својот женствен и смел стил на облекување, а нејзината гардероба изобилува со константни парчиња од кои не би се срамел ниту ликот на Кери Бредшо, која ја отелотвори во култната серија „Сексот и градот“.

Прославената актерка и претприемач неодамна присуствуваше на премиерата на продолжението на култната хорор-комедија „Hocus Pocus“, која се одржа во Њујорк. Сите очи беа вперени во сопственичката на брендот SJP by Sarah Jessica Parker, која специјално скокна за оваа пригода, комбинирајќи генијален капут со ориентален амбиент со кул панталони. Успешната актерка во оваа прилика за прв пат се пофали со своите ќерки близначки кои на свет ги донесе сурогат мајка пред 13 години, а таа и нејзиниот сопруг Метју Бродерик ги криеја далеку од љубопитните очи…

Премиерата на продолжението на филмот „Hocus Pocus“ се одржа на Upper East Side во Њујорк. Актерската екипа ја предводеше 57-годишната актерка Сара Џесика Паркер, која го толкуваше ликот на вештерката Сара Сандерсон во оваа хит хорор-комедија.По тој повод, познатата актерка блесна во откачен стајлинг кој потсетува на арапски носии, а за прв пат пристигна на свечен настан во придружба на нејзините 13-годишни близначки Марион и Табита.

Сара Џесика Паркер главната улога на својот стајлинг му ја додели на долгиот капут украсен со мотиви од розови цветови и рабови со светки, кои потсетуваат на костимите на арапските земји.

Станува збор за парче со потпис на луксузниот италијански бренд Giorgio Armani, кое е претставено во претстојната колекција за есен/зима 2023 година.

Оваа лудо добра комбинација, која ретко кој може да ја направи како таа, успешната актерка и претприемач ги заокружи розовите салони потпишани од нејзиниот бренд за обувки SJP од Сара Џесика Паркер.

Сестраната актерка, која се прослави со улогата на колумнистката Кери Бредшо во култната серија „Сексот и градот“, на премиерата пристигна во придружба на нејзиниот сопруг, 60-годишниот актер Метју Бродерик, како и нивните ќерки близначки.

Имено, на почетокот на бракот во 1997 година, славната двојка реши да го држи приватниот живот подалеку од јавноста. Затоа, тие се обиделе на своите деца, 19-годишниот син Џејмс и шестгодишните близнаци да им дадат што е можно поголема приватност додека растат.

Девојчињата, кои сега имаат 13 години, на свет ги донесе сурогат мајка. Позирајќи со своите родители на црвениот тепих, близначките го покажаа својот префинет моден вкус, кој го наследија од својата мајка со стил. Мерион за премиерата избра фустанче со светки и розови потпетици, додека Табита се одлучи за црна комбинација со виолетови чевли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Прекрасни карпести формации, планини со вулканско потекло и оние чии врвови се покриени со снег и мраз… Саудиска Арабија го нуди сето ова и...

Wall Street

Вселенските ентузијасти можат да имаат можност да додадат дел од историјата во нивната колекција… Во јули 1969 година, американските астронаути Нил Армстронг и Баз...

Fool Moon

Актерката Кирсти Ели почина вчера по битка со ракот.Актерката Кирсти Ели почина вчера на 71-годишна возраст по битка со ракот. Тажната вест ја потврдија...

Fool Moon

Латино пејачката пред 20 години го издаде албумот „This Is Me… Then“, а сега доаѓа да и покаже на публиката каква е денес, преку...

Advertisement