Розовата е апсолутен хит на летната сезона, а Пенелопе Круз ја зеде за да докаже дека розовите тонови никогаш не се премногу.
Шпанската актерка Пенелопе Круз дефинитивно знае како да се облекува за да остави впечаток, а нејзиниот најнов аутфит е еден од најефективните досега!
Познатата оскаровка присуствуваше на гала вечера во Њујорк организирана од модната куќа „Chanel“, чие заштитно лице е токму таа, во рамки на филмскиот фестивал „Трибека“.

Станува збор за фестивал основан од Роберт де Ниро, Џејн Розентал и Крег Хаткоф, кој секоја година собира голем број ѕвезди, а често е проследен со гала вечери како оваа што сега ја организира францускиот бренд „Chanel“.
Пенелопе Круз на забавата пристигна во многу светол фустан со потпис на оваа модна куќа, а се работи за макси модел кој во горниот дел е блиску до телото, додека се шири од колковите и паѓа на подот.

Актерката избра текстуриран модел од материјал налик на сатен, кој е составен од пристојни мали логоа од модната куќа „Chanel“.
Интересен детал се трегерите со копчиња наместо класичните прерамки, кои најчесто се резервирани за полежерен стил, но дизајнерите успеале да ги искористат и за елеганција.

Пенелопе своето лелеаво издание го комплетираше со квадратна чанта од истиот бренд, а тука се и црните сандали.

Наизглед едноставно, но вистинско мало модно ремек дело – и доказ дека розовата никогаш не е премногу!
Ова не е првпат Пенелопе во последно време да го одбере розовото „Барби издание“, бидејќи на забавата по повод Оскарите се појави и во розов фустан, мини модел на „Chanel“ инспириран од класичниот сет на оваа куќа.
