Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Од неверојатни стилски парови до тотален кич: Овие модни моменти ги одбележаа деведесеттите!

Кога станува збор за модата, факт е дека деведесеттите се вратија на голема врата. И, иако има толку многу модни моменти што го дефинираа тоа време, тогаш ајде да ја искористиме оваа можност да се потсетиме на 10-те најимпресивни примери.

Мери-Кејт и Ешли Олсен

Симпатичните близнаци доминираа во модната сцена како девојчиња, а така остана и до денес. Тие беа и остануваат познати по смелиот моден избор, кој секогаш добро меѓусебно се усогласувал.

Кејт Мос и Наоми Кембел

90-тите се значајни заради појавата на супер-модели. И, мора да се признае дека Кејт и Наоми беа главните sвезди. На нив секоја облека делувала совршена, па не е ни чудо што тие останаа вечни модни модели.

Гвен Стефани

Пејачката на групата No Doubt отсекогаш била препознатлива по својот необичен и многу оригинален моден избор. Панк-рок стилот вешто се вклопува со другите трендови, за што сведочи и оваа фотографија од 1998 година.

Лил Ким

Една и единствена рап ѕвезда ги обележа деведесеттите години, тоа е Лил Ким. Таа е меѓу модните пионери кои воведоа крајно провокативна облека на музичката сцена, па затоа нејзината следна облека секогаш се чекаше со нетрпение.

Бритни Спирс

Поп принцезата, како што ја нарекуваат многумина, со својот изглед целосно ја раздрма музичката сцена во текот на 90-тите години на минатиот век. Изгледот на заводливата девојка стана нејзин заштитен знак, иако, рака на срце, таа навистина имаше чудни и малку излитени модни избори.

TLC

Girl Power движењето блескаше во текот на 90-тите години на минатиот век. Вклучува многу женски музички групи, како што се Spice Girls и Destiny’s Child. Сепак, во однос на модата, членовите на групата TLC оставија посебен белег.

Мајкл Џексон и Мадона

Секако една од најбизарните љубовни врски меѓу славните е онаа меѓу Мајкл Џексон и Мадона. Ако ништо друго, барем нивните екстравагантни модни избори од тоа време ќе живеат засекогаш.

Кортни Лав и Курт Кобејн

Кралицата и кралот на гранџ музиката се дефинитивно најинтригирачката двојка од деведесеттите години. Кортни веројатно ја паметите како русокоси во бебешки фустани, а Курт со маички во риги и големи очила за сонце.

Елизабет Харли и Хју Грант

Постојат многу фустани од брендот Versace кои засекогаш ќе останат запишани во историјата на модата. Една од нив е онаа што ја носеше Елизабет Харли на премиерата на филмот „Четири венчавки и погреб“. Црниот фустан со златни заковки се покажа како полн погодок.

Џони Деп и Винона Рајдер

Џони Деп беше во многу бурни љубовни врски во текот на деведесеттите години, а она што се издвојува е со Винона Рајдер. Покрај тоа што изгледаа симпатично, обајцата поминаа низ моден период врз кој очигледно влијаеше готскиот шик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Ако размислувате да патувате во Јужна Кореја, овој напис треба да ја зацврсти вашата желба и да ве наведе да купите авионски билет. Пред...

Green Tea

Се надеваме дека никогаш не сте доживеале мигрена. Но, сигурно, познавате некој што ги има овие симптоми. Без разлика дали вие или некој близок,...

Fool Moon

Ријана е вистинска икона на стилот. Секој нејзин стајлинг е спектакуларен, многу необичен и за разлика од повеќето нејзини колеги од шоу-бизнисот, таа воопшто...

Fine Living

Како што знаат сите модерни дами, „animal“ дезенот беше на сцената во последните неколку сезони и очигледно не планира да се откаже од својот...

Advertisement