Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Од Моника Белучи до Маргот Роби: Трансформативната моќ на француските шишки во 30, 40 и 50-тите години

Margot Robbie arrives on the red carpet of The 93rd Oscars® at Union Station in Los Angeles, CA on Sunday, April 25, 2021.,,Image: 607927729, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Matt Petit / Avalon / Avalon / Profimedia

За почеток да се запознаеме со терминот „француски шишки“, дали воопшто знаете за каков вид на стилизирана коса се однесува?

Сите што мислите дека шишките не одговараат на вашето лице, ние сме тука за да ве охрабриме да размислите повторно, а најголемата причина за тоа лежи во горенаведените француски шишки.

Не, се разбира, ова не се било какви шишки, но за волја на вистината не се ништо спектакуларно посебно.

Па за што станува збор?

Француските шишки се антитеза на класични, училишни и рамно подскратени шишки.

Тие се разиграни, паѓаат малку нерамномерно над веѓите и суптилно се вклопуваат во формата на вашата фризура. Нивниот заштитен знак е мала празнина во средината, што може и не мора да ја има.

На овој начин стилизираните шишки ги носеле Франсоаза Харди и Брижит Бардо. Причината зошто тие станале иконски и благодарение на социјалните мрежи и ненадминливиот стил на Французинките, повторно доживеале голема популарност.

Лесно се стилизираат, а доколку ви здосади, убаво можат да се вклопат во остатокот од вашата коса додека растат, разликата нема да биде значително забележлива.

„Ако имате добра фризерка, има малку шанси овој вид шишки да не ви одговара добро. Сè е во форма на твоето лице и на кои делови од лицето ви паѓа косата. Дали прамените ги допираат јаготките, веѓите или вилицата. Што сакате да покажете, да посочите и што евентуално да скриете. Со класични шишки дефинитивно ќе привлечете внимание кон центарот на лицето, но со француски шишки можете да постигнете многу повеќе. Една од причините зошто жените во 50-тите години се заљубија во нив е тоа што кријат длабоките брчки на челото. Значи, не ви треба ни ботокс!“, Заклучува со смеа Џоел Гонкалвес, уметнички директор на популарниот лондонски салон Nicola Clarke at John Frieda.

Гонкалвес препорачува француските шишки да се носат дефинитивно после 30-тите години, бидејќи тие прават да изгледате помладо, поженствено и на лицето му даваат посебна доза на мекост и сензуалност.

„Фризер во еден познат париски шик салон ме научи како да стилизирам ваков вид шишки, така што секогаш изгледа разиграно и уредно. Исушете ја косата стандардно, а потоа одделно ги сушите шишките, прво левата страна, а потоа десната. Заборавете на четката и во никој случај не дозволувајте фризерот да ви ги навива шишките со некоја од тие големи четки. Француските шишки се поставуваат природно, со прсти“, додава Гонкалвес.

Ние го обожаваме овој тип на шишки што е претставен од убавата актерка Маргот Роби за време на нејзиното појавување на Оскарите 2021 година. Потоа, секако, Моника Белучи која по децениите стилизирање на косата го трансформирала изгледот на ист начин со скратување на косата и шишки и на крај: ненадминливата Џена Дамас како врвен синоним на модерното време за француските шишки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Хотелот Вила Хонег е единствен бутик хотел со 5 sвездички, сместен на планините во Бергенсток кај Луцерн, Швајцарија. Овој хотел датира од 1905 година...

Route 66

Порше ја проширува листата на премиум локации за патување на кои има американски полначи за Порше Тајкан. Историскиот хотел Марк Хопкинс Интерконтинентал Сан Франциско...

Fool Moon

Ѕвездите од серијата „Чарлиевите ангели“, четириесет и шестгодишната Дру и четириесет и деветгодишната Камерон, добија огромна поддршка и виртуелен аплауз од многу жени, вклучувајќи...

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши со модна ревија на Том Форд, чија колекција го одразува жешкото исчекување на ноќните излегувања. Многумина од нас сѐ...

Advertisement