Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ова е најскапото парче накит во историјата на брендот Тифани

За време на изложбата на ексклузивен накит во Дубаи, брендот претстави оживеана верзија на архивското дело – ѓердан од Светскиот саем во 1939 година, украсен во центарот сo „Empire“ дијамант од над 80 карати, што го прави најскапото парче накит досега направен.

Спектакуларното парче всушност има уште една интересна карактеристика. Имено, доколку сака сопственикот на накитот, дијамантот Empire може да се извади од ланчето и да се носи посебно како многу впечатлив прстен.

И покрај фактот дека ѓерданот моментално се продава на Светскиот саем, Тифани и Ко. одбија да ја откријат неговата точна вредност. Експертите проценуваат дека чини некаде помеѓу 15 и 22 милиони фунти.

Кој и да стане сопственик на уникатен предмет, ќе ја добие и доживотната услуга на брендот, а златарот на Тифани секогаш ќе биде достапен за да го трансформира ова парче од ѓердан во прстен, и повторно, од прстен во ѓердан, назад.

Тоа е најскапото парче накит на брендот откако за прв пат е основано во 1837 година. Empire дијамантот – D боја, тип IIa, беспрекорно овален крој одвнатре – е најголемиот камен што куќата некогаш го понудила.

Поточно, втор по ред, веднаш по дијамантот Тифани од 128,54 карати, кој не се продава и кој брендот го опиша како „непроценлив“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Four Seasons

Туристите најчесто го посетуваат во август, кога се одржува Еразмус турнирот на витези и кога може да се видат спектакуларните битки на модерните витези...

Advertisement