Професионалец во својата работа и секогаш во одлична физичка форма, Алесандра овој вторник ги претвори улиците на Западен Холивуд во лична модна писта, додека излезе на ручек со своите пријатели.

Како личност со стил, ретко и недостигаат модни избори, но овој пат го носеше можеби најдобриот летен аутфит досега. Изгледаше фантастично во Етро фармерки со цветен принт кој го спои со плетен, крем топ.

Доколку ви здодеа класичните фармерки, супермоделот претстави ласкав модел на фармерки со залепени предни џебови, длабок струк и широки ногавици, совршени за носење со свилена кошула и штикли, како и основна маица и сандали.
Стајлингот го заокружи со Aspinal of London чанта, очила за сонце и рамни сандали.
