Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Новата ташна која го освојува светот – Сите треба да ја имаат!

Кога конечно ќе се соочиме со фактот дека потоплиот дел од годината дојде и помина, конечно можеме да се свртиме кон сите убавини на есента и зимата.

Иако студени, дождливи, облачни и понекогаш сиви, овие две сезони што ни сигнализираат дека се ближи крајот на годината имаат свој шарм и убавина. Пејзажите што не опкружуваат добиваат целосно нов изглед, остриот, ладен воздух ни помага полесно да се разбудиме, додека топлото чоколадо, удобните ќебиња, јакни и палта нè загреваат на совршен начин.

Мора да признаеме дека зимата и есента некако доминираат кога станува збор за модата и модните додатоци, бидејќи тие со себе носат бројни новини и парчиња во кои можеме да уживаме, на уникатен начин. Како што веќе знаете, брендовите досега презентираа бројни карактеристики на новата постудена сезона, а една од нив е и Диор.

Иконската торба Dior Lady доби зимско освежување, во форма на луксузно кадифе. Помала D-Lite верзија на оваа торба сe се нуди во класична црна, како и темно сина и костен боја. Горната рачка на оваа торба е изработена од двобојно кадифе, на кое му се дадени тонски споеви што ги комплетираат неговите архитектонски линии. Логото на Кристијан Диор се појавува во неговиот централен дел, додека белите детали и приврзоците на Диор му даваат сјај на ова луксузно парче. Одвојниот ремен за рамо е секако исклучително практичен. Оваа торба веќе може да се набави преку официјалната веб-страница на брендот, а нејзината цена е 4800 американски долари.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Оваа година Божиќната тема во Белата куќа е „Америка е убава“, а Меланија Трамп вели дека оддава почит и го покажува „величието“ на Соединетите...

Fool Moon

Астролозите направија интересни откритија и успеаја да ги идентификуваат четирите хороскопски знаци под кои се раѓаат најбогатите луѓе. Ако тие самите не се богати,...

Fool Moon

Или барем, не повторно. Мажите се во навистина тешка позиција, ако мислите малку подобро: општеството им наметна норми на кои тие строго мора да...

Fool Moon

Познатата сликарка Фрида Кало исто така напиша и стихови што ја допираат душата. Оваа песна најверојатно му ја напишала на својот сопруг Диего, а...

Advertisement