Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Новата глобална кампања на Томи Хилфигер е инспирирана од духот „Moving Together“

Иницијатива на брендот за подобра иднина.

Томи Хилфигер најавува глобална кампања „Moving Forward Together“ за есенва 2020 година и ги повикува љубителите на брендот – и пошироко – да се движат напред заедно кон подобра иднина, опфаќајќи го живиот, разновиден универзум на луѓе подготвени да ко-создаваат под услови што нема да ја оптоваруваат планетата.

За да ја прослави филозофијата на кампањата Moving Together во текот на целата сезона, Томи Хилфигер, кој припаѓа на PVH Corp., планираше низа иницијативи, поканувајќи ги сите што го сакаат брендот да ја покажат моќта на заедницата преку ко-креација и адаптација, како и локална соработка.

„Кога се соочуваме со екстремни социјални и економски предизвици, заедничкото застапување е најсилниот пат напред“, изјави Томи Хилфигер. Тој додава: “Секој предизвик е можност. Може да нè однесе чекор поблизу до остварување на нашиот сон и да инспирираме креативност што никогаш не знаевме дека ја имаме. Преку меѓусебен напредок, ние сме на пат да му помогнеме на оваа креативна искра и да понудиме помош таму каде што е најпотребна”.

Преку социјалните мрежи на Томи Хилфигер, потрошувачите ширум светот ќе бидат поканети дигитално да создадат нови парчиња користејќи остатоци од ткаенини и да му дадат нов изглед на дизајнот од минатата сезона преку посветена онлајн платформа. Новите дизајни ќе бидат достапни за купување во одбрани малопродажни објекти во Европа, Америка и регионот Азија-Пацифик.

Tommy Repair Shop работи со локални кројачи и уметници погодени од пандемијата и ќе нуди бесплатни услуги за поправка на која било облека. На специфичните партнери ќе им биде даден посебен простор во продавницата да ја презентираат својата работа, притоа добивајќи пристап до нови потенцијални клиенти. Оваа иницијатива има за цел и да го продолжи животот на омилената облека на потрошувачите, секогаш во согласност со мисијата на брендот да не троши ништо. Иницијативата ќе се одржи во одредени земји, а првите продавници за поправка на облека Томи ќе бидат отворени во Хамбург и Дизелдорф.

Кампањата ја снимаше Крис Бернабео на ранчот Golden Oak. Актерската екипа вклучува инспиративна мешавина од луѓе кои силно ја поддржуваат темата за вклучување. Учествуваат Алтон Мејсон, Ралф Софрант, Герон Мекинли, Халима Аден, Дилоне, Михаела ДеПринс, Су Џо Парк и Пресиус Ли.

„Заедно да се движиме напред“ е продолжение на добротворните програми кои неодамна ги започна Томи Хилфигер. Среде пандемијата, тој донирал 10.000 бели маици за здравствените работници. Исто така, е покрената иницијатива за создавање коа се повикуваше на заедницата Томи Хилфигер да дизајнира колекција на капсули, чии приходи беа донирани на глобалните напори да помогнат во случај на пандемија на КОВИД-19.

Заедничкиот напредок е чекор кон закрепнување на индустријата и креативните заедници.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Според (застрашувачката) европска статистика, скоро 70 проценти од жените воопшто не разговараат со својот партнер за секс. Зошто е важен разговорот? Не можеме да...

Route 66

Секогаш кога ќе наидеме на нов концепт на мотор, секогаш се надеваме дека тој ќе ни понуди нешто повеќе од вообичаено, поместувајќи ги границите...

Cotton Club

Овие безвременски модели ќе ги ублажат сите ваши модни дилеми во секоја ситуација и ќе се погрижат секогаш да изгледате младешки, елегантно и шик...

Green Tea

Црвеното вино содржи многу антиоксиданти, компоненти кои го штитат срцето, нервниот систем и го штитат целото тело од оксидативен стрес. Доколку немате навика да...