Западен Холивуд овој пат уживаше во друштво на Ева Лонгорија, која беше таму со кубанската пејачка Глорија Естефан и нејзиното семејство.
Ева Лонгорија ужива во елегантни парчиња облека, па секое нејзино појавување е нов приказ на стил и комбинации кои некако можете да ги копирате.
Познатата актерка се појави во еден холивудски ресторан, а со својата едноставна и впечатлива комбинација ги засени сите присутни. Ева избра портокалово-црвен фустан со ребрести материјал од брендот The Range. Креацијата е со миди должина и има мал шлиц од страна, што ја прави елегантна и забележлива.Со оглед на тоа што убавата актерка обожава високи потпетици, и овој пат избра сандали со кои нема грешка.

Брендот Gianvito Rossi е секогаш хит, а овој пат Ева облече сандали со ПВЦ елементи во златна и беж боја.

Овој тип на обувки неверојатно го разубавува стапалото и ја издолжува ногата, па доколку ви недостасуваат идеи, побарајте нешто слично на некоја позната холивудска ѕвезда.

Својата опуштена и елегантна комбинација ја усогласи со алки, часовник и прстен, а косата ја навитка во меки бранови, што беше доволно да не остане незабележана.
Да потсетиме, покрај безвременските комбинации и стил кои често ни ги презентира, Ева Лонгорија и нејзината пријателка Глорија Естефан се залагаат за подигање на свеста за положбата на Латиноамериканците во Холивуд.