Сите коментираат дека е многу забележлива и неверојатната сличноста помеѓу мајката и ќерката.Мајката на војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, Керол е една од жените чиј стил и изглед се коментира кога се појавува во јавноста.
Таа роди три деца и има пет внуци, а стилски наликува како да е генерација на нејзината ќерка Кејт.
Секогаш е стилизирана, а судејќи по нејзините комбинации, сосема е јасно од кого војвотката го наследила вкусот за облекување.
Еден од покоментираните стајлинзи е оној кога двете носеа ист розов фустан кој е составен од две различни розови нијанси. Единствената разлика е во тоа што Керол носи интересен детал за главата, додека Кејт го изостави ова парче.
Коментарите на социјалните мрежи кои се шират се дека Кејт е нејзиниот одраз во огледалото.
Медиумите пренесуваат и дека Керол има прекрасен однос со нејзиниот зет Вилијам и дека нивната врска е проткаена со меѓусебно почитување.