Актерката Моника Белучи глумеше во новата рекламна кампања на брендот Картие.
Картие е легендарна марка која произведува накит, модни додатоци и луксузни производи. Тие претставија нова рекламна кампања и ја избраа „најубавата жена на светот“.
Познатата актерка испроба прстени, часовници и нараквици „Love“, кои се едни од најпродаваните парчиња на брендот од 1970-тите до денес.
Патем, Моника Белучи стана амбасадорка на францускиот бренд во 1997 година. Оттогаш, Моника редовно се појавуваше на црвениот тепих облечена во накит од Картие.




