Со години ја носи титулата најстилизирана жена на светот…
Таа ги следи овие правила со години и скоро никогаш не направила ниту една модна грешка. Нејзиниот стил ги воодушевува многумина жени ширум светот, а открива кои чекори се задолжителни на патот до совршен стајлинг.
Нејзиниот стил се заснова на ова:
- Изберете класици наместо трендови
Секогаш е подобра опција да инвестирате во парчиња кои се безвременски класици и кои никогаш нема да излезат од мода, отколку да потрошите многу пари на трендови што ќе излезат за 2 месеци.
- Останете верни на чевлите и облеката што добро ви одговара
Кога станува збор за обувки, важи истото правило.
- Избегнувајте флуоресцентни бои
Таа обожава облека во боја, но никогаш нема да ја видите во флуоресцентни парчиња. Според неа, тие се одраз на лош и ефтин стил.
- Избегнувајте логоа и натписи на облеката
Жената која украсува добар стил никогаш нема да си дозволи да носи гардероба со натпис на брендот.
- Изберете облека што ќе ви ласка на фигурата
Искористете го најдоброто од облеката што ја купувате и проверете дали исечокот што го избравте навистина ги истакнува атрибутите на вашата линија.
- Избегнувајте вештачки материјали
Освен што изгледаат лошо, тие не се добри за кожата. Ана Винтур советува да не ги вложувате вашите пари во материјали како најлон и секогаш да им давате предност на природните материјали како свила, лен, памук.