Автор на бестселер, поранешна прва дама на САД, модна икона и хероина на американската сцена со одличен стил, како и амбасадорка на бројни проекти за подобар живот, Мишел Обама, повторно е во фокусот на светската јавност.
И ништо помалку и повеќе од пристигнувањето на инаугурацијата на 46-от американски претседател eо Бајден, што се одржа во средата, 20 јануари, во срцето на метрополата на САД – Вашингтон. Имено, таа пристигна таму во custom madeкомбинација на нејзиниот омилен млад дизајнер – Серхио Хадсон, кој потпишува изглед на многу sвезди од сцената, и сè уште не е толку познат.
Додека Барак беше џентлмен во костум на Ралф Лорен, Мишел го привлече вниманието во костим во боја на модар патлиџан што го нагласи со XXL појас и палто во иста нијанса.
Forever my First Lady #MichelleObama pic.twitter.com/OX2ugjeu4G
— Michelle Honeycutt (@shellshott) January 21, 2021
Дека Мишел и одличниот стил одат рака под рака, никогаш не било спорно, особено затоа што за време на мандатот на нејзиниот сопруг таа покажа што значи да се биде модерна верзија на Џеки Оназис, а сега нејзиниот стил отиде чекор подалеку – во насока на празнична елеганција за која ќе се зборува со денови.