Таа се појави во многу намалена, а воедно и доволно ефикасна комбинација за да привлече големо внимание.
Во Франција, за време на вториот круг од парламентарните избори, на гласачкото место се појави првата дама на Франција, Брижит Макрон, која ги маѓепса сите со својата комбинација. Таа гласаше во Ле Туке на северот на Франција.
Брижит пристигна во намалено и елегантно светло сино одело, кое го искористи за да ја истакне витката фигура и долгите нозе, кои ги истакна со кафени кожени салонки, кои одлично се вклопуваат со овој костум.

Овој специфичен и уникатен стил на сопругата на претседателот Емануел Макрон, е уште една во низата комбинации кои ја претставуваат лежерноста на Французите.
Под лесниот костум носеше и бела кошула со руска јака која има златни копчиња кои одлично се вклопуваат со нејзиниот костум и дополнително ја истакна фризурата. Панталоните “цигари” на работ и предимензионирана јакна беа ѕвездите на нејзиниот аутфит.
Како што сите забележавме, Брижит секогаш инсистира на минимализам, па овој пат не стави многу накит, па додаде само ефектни прстени и очила за сонце.
Дали ви се допаѓа нејзината комбинација?

