Во Лос Анџелес е време за џемпер, верувале или не, а Ештон Качер и Мила Кунис се доказ дека дури и шетањето во слободно време може да биде стилски.
Ѕвездите на „Шоуто од 70-тите“ оваа недела се прошетаа низ студениот Лос Анџелес облечени во соодветни џемпери. Мила се одлучи за „преголем“ џемпер со копчиња во необична боја, нешто помеѓу розова и праска, а го спои со портокалови панталони, црни патики и бела капа. Со Ештон ситуацијата е малку попригушена, тој избра монохроматски изглед – сив џемпер и сиви фармерки.

Дали оваа двојка ви дава идеи? Со доаѓањето на постуденото време, никогаш не сте имале поидеална можност да ги убедите вашата сакана или сакан да бидете стилски усогласени со гардеробата – секој сака да му биде топло, па нема да биде тешко да го убедите вашиот партнер да се согласи на вакво нешто. Добрата трикотажа е основата и на машката и на женската зимска гардероба и тие не бараат нешто посебно за да се комбинираат. Додека мажите претпочитаат обични фармерки и бела маичка, дамите избираат да експериментираат со стилови.