Меланија Трамп ја напушти Белата куќа. Но, како и секогаш, таа го стори тоа со многу стил...
Меланија и Доналд Трамп денеска ја напуштија Белата куќа. Таа ја заслужи титулата прва дама на модата. И навистина, има многу беспрекорни стајлинзи што „искрено“ ќе ни недостасува Меланија.
Ќе ја паметиме по смелите комбинации, по палтата и потпетиците на славниот бренд Кристијан Лабутан. Нè научи како да носиме мал црн фустан, но и машки костуми.
Исто така, ја напушти Белата куќа во одличен стил и за последен пат воодушеви со својот моден избор пред да се пензионира надвор од секојдневните рефлектори. Со овој стајлинг таа ја истакна својата витка фигура и го докажа својот добар вкус повторно блескајќи во црн елегантен комплет.
Меланија беше облечена целосно во црно, носеше јакна Chanel, црни очила за сонце и алигаторска торба со потпис Hermes, која вреди повеќе од 50.000 американски долари. Нејзините црни ракавици и препознатливата облека за во салон ја надополнуваа моќниот аутфит.
Патем, додека ги извршуваше должностите на првата дама, Меланија бескрупулозно потроши милиони на нејзината многу скапа гардероба – но затоа секогаш изгледаше беспрекорно.
Секако, барем во модна смисла, Меланија секогаш знаеше што сака и како да го претстави. Тоа го покажа со последното појавување во Белата куќа, давајќи им домашна задача на нејзините наследници.