Анџелина Џоли моментално е во Рим на снимањето на филмот „Без крв“ во кој главната улога ја игра Салма Хајек, а режијата ја потпишува Анџелина.
Деновиве Анџелина Џоли ги шармира минувачите низ улиците на Рим во лежерни и опуштени комбинации кои многу лесно се копираат.
Слободното време познатата актерка го искористи да ужива во обиколката на градот со своите ќерки, а по тој повод е фотографирана нејзината необична комбинација која сигурно со голема радост би ја понеле со себе.

Анџелина е позната како голем љубител на едноставната елеганција и неутрални тонови, а така изгледала и на овој топол ден во Италија. Дека ја сака Италија покажа со својата модна комбинација потпишана од Алберта Ферети, позната италијанска дизајнерка.
Нејзиниот интересен аутфит се состои од макси фустан со големи набори и шлицови до градите, па панталоните или шорцевите се неопходни под оваа креација. Холивудската ѕвезда се одлучи за панталони во идентична боја, како и слични рамни сандали кои со голема кафена чанта го направија овој аутфит неоспорен.Лежерната елеганција е заштитен знак на Анџелина Џоли, па таа имаше незабележителен накит и големи очила за сонце кои одлично и прилегаат.
