Предлогот за соработка дојде од Ана Винтур…
Hulu го претстави новиот биографски филм за Били Холидеј – The United States vs. Billie Holiday чија премиера се очекува на 26 февруари. Скоро 50 години од филмот Lady Sings the Blues во која главната улога ја толкуваше легендарната Дијана Рос, под палката на режисерот Ли Даниелс, познат по филмот Precious, ја раскажува приказната за џез-иконата каде обожователите, во тој период, ѝ се восхитуваат на нејзиниот уникатен глас, а во текот на кариерата била малтретирана кога одлучила да се бори против расизмот во Америка, и сето тоа, ќе биде раскажано од нов агол. Честа да ја толкува улогата во новиот филм за Били, ѝ припадна на младата пејачка на Р’н’Б, Андри Деј.
Во новиот филм се зборува за извонредниот живот на музикалната дива, зависник и активист, која била пред своето време. Живеела бескомпромисно, се облекувала како успешна жена како што ѝ била, за тоа се погрижиле дизајнерите кои ѝ шиеле блескава облека, која станала популарна неколку децении подоцна. Таа започнала да носи гарденија, што стана нејзин заштитен знак. Дизајнирањето на костуми кои би помогнале во отелотворување на сложениот лик на Били Холидеј, да се држат до историските факти, но истовремено да остават силен впечаток на висока мода, не била лесна задача, па затоа Ана Винтур скокна да му помогне на режисерот и ја предложи Прада.
Тимот на Прада дизајнираше девет костуми, а дизајнерот на костуми Паоло Ниду соработувал со нив пребарувајќи ги архивите на Прада. Бидејќи колекциите на Прада честопати беа инспирирани од 40-тите и 50-тите години на минатиот век, тие имаа богат материјал од кој може да инспирираат, па затоа комбинираа елементи од различни колекции, но се однесуваа на вистински, документирани алишта на Били.
Со нетрпение го очекуваме филмот и гледаме краток вовед од она што можеме да го очекуваме во трејлерот.