Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кети Холмс: (Не) очекуваше чевли што ретко која дама би ги носела во ноември

Кети Холмс е обожавателка на секојдневна облека – преголеми фармерки, кошули и маички, кои обично ги комбинира со патики или чевли со рамни ѓонови во кои се чувствува најдобро.

Затоа многумина беа изненадени од нејзината минатонеделна улична комбинација од улиците на Њујорк. Фоторепортерите ја фотографираа во класично издание составено од тексас кошула и панталони, кои ги спои со жолти сандали со високи потпетици (9 сантиметри).

Поточно, Кети Холмс избра ватирани кожени сандали со отворени прсти од италијанската модна куќа Bottega Veneta, кои беа многу популарни меѓу трендсетерките ова лето, а во кои американската актерка ретко се гледа надвор од црвениот тепих.

Бидејќи Големото јаболко беше погоден од топлотен бран и дневни температури од околу 24 степени Целзиусови на почетокот на ноември, многу жители на Њујорк ги извадија своите пролетни и летни парчиња од плакарот.

Кети Холмс го заврши изданието со кожна торба во топла боја на коњак, но и заштитна маска за лице без која повеќе не може да излегува на улица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Модниот бренд Miu Miu претстави кампања за пролет / лето 2021 година, што претставува заедница на неконформисти со жива личност. Миучија Прада реши да...

Cotton Club

Џо Бајден положи заклетва како 46-ти американски претседател на Соединетите Држави на церемонија во Вашингтон. Пред него се заколна и Камала Харис, првата потпретседателка...

Cotton Club

Дојде денот Доналд и Меланија, американскиот претседател и прва дама во заминување да ги напуштат Белата куќа и Вашингтон! Двојката се појави на церемонијата...

Fool Moon

Типот на личност, кој денес често го нарекуваат INFJ, Карл Јунг го сметал за најубав и редок. Што стои зад кратенката INFJ? Едноставно: интровертно,...

Advertisement