Супермоделот Кендал Џенер во придружба на нејзините сестри пристигна во Холивуд на FYC Fest, кој ја вклучува и премиерата на нивното ново реално шоу „The Kardashians“. Како членка на кланот Кардашијан-Џенер, таа често ја изразува својата љубов кон винтиџ облеката со своите модни изданија, а исто така сервираше едно такво издание за да оди на фестивалот FYC на Дизни…
Атрактивната манекенка и ријалити ѕвезда, 26-годишната Кендал Џенер е позната по тоа што ги држи трендовите на дофат на прстите, но и по тоа што има тенденција да ги комбинира со винтиџ парчиња. Во придружба на нејзината постара полусестра Кортни Кардашијан, таа пристигна во Холивуд за да ја промовира нивната нова реалити серија, а згодната бринета избра издание кое зрачи со деловна елеганција, но со додаток на авангарда.

Познатата манекенка е видена во Лос Анџелес во сребрено-сив деловен костум потпишан од Givenchy.


Станува збор за винтиџ модел од couture колекцијата за есен 2007 година, а згодната бринета ги искомбинирала со ПВЦ сандали со потпетици потпишани од соработката на брендот Kanye West-Yeezy и германскиот спортски гигант Adidas.

Овој авангарден и необичен модел на сандали пред неколку сезони ги освои зависниците од модата, а неговата популарност не опаѓа ниту годинава, па можевме да ги видиме во комбинации на кралицата Летиција и Криси Тајген, освен невестата Кардашијан-Џенер.