Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Како да носите класични кошули на имагинативен начин ова лето

Сите комбинации што вреди да се испробаат.

Едно од класичните парчиња што најчесто ги избираме при креирање на секојдневниот стајлинг се без сомнение кошулите.

Тие нудат флексибилност, бидејќи можеме да ги носиме цел ден, од утро до вечер, додека новите и елегантни дизајни стануваат идеални кога сакаме модерен стилски изглед.

Постојат многу начини да ја интегрирате и комбинирате вашата кошула во наредните месеци, создавајќи облека што ќе импресионира. За вас ги избравме најинтересните комбинации со кошула во главната улога што би можеле веднаш да ги усвоите.

Кошула + бермуди

За најдобро да ги следите правилата на уличниот стил, можете да ја комбинирате кошулата со бермуди. Всушност, на овој начин ќе прифатите два големи летни трендови. За апсолутно удобна и лежерна шик облека, изберете пар тексас бермуди и носете ги со шарена кошула. Што се однесува до чевлите, можете да изберете која било верзија, од влечки и патики до сандали со високи потпетици.

Кошула + фармерки

Останувајќи во „опуштено“ и пријатно расположение, ви предлагаме да ги носите фармерките со кошула. Постојат многу алтернативи за да се постигне совршена комбинација, и тие зависат од стилот и вашата личност. Предлагаме да комбинирате светли тексас фармерки со светло сина или розова кошула. Заокружете го вашиот стајлинг со модни додатоци, како што се бела чанта или бели сандали.

Кошула како фустан

Фустан-кошулите можеби се во мода, но исто така, оваа сезона имате можност едноставната кошула да ја претворите во фустан. Основен услов да се случи ова е да изберете преголеми модели. „Играјте“ со модните додатоци, како појасот за вашиот струк каде ја истакнувате вашата силуета, но и со накитот што ќе ви даде извондреден сјај.

Кошула + здолниште

Здолништата имаат магична способност да го обноват вашиот стајлинг и да го направат повеќе женствен. Во овој момент, ви предлагаме да експериментирате и да се осмелите. Изберете „разиграна“ шема на кошула во светли и интензивни нијанси и комбинирајте ја со здолниште со дезен. Во случај да сакате да се движите по безбедни патеки, можете да изберете неутрални и флексибилни обрасци, како што се пруга и туфна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement