Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Како да го задржите карминот на усните додека носите маска

Нашата вообичаена рутина за шминкање во новите услови може да изгледа залудна бидејќи половина од внимателно „скроениот“ изглед завршува на внатрешноста на маската за неколку минути. Ако, како нас, носењето кармин ви го „крева“ лицето и ве осветлува во облачен ден, ви донесуваме неколку совети како да спречите да не се печати на маска или да се размачка на лицето.

  1. Важно е да ги одржувате усните хидрирани, но не и мрсни или лепливи, па избришете го вишокот лабело.
  2. Направете основа за кармин со лајнер за усни. Наполнете ја целата површина на усните со молив.
  3. Нанесете го првиот слој на кармин. Од моменталното неограничено снабдување со различни текстури на пазарот, мат кармините ќе се држат најдобро, но може да ги пробате и повеќе сатенските финиши со следниве чекори.
  4. Притиснете парче хартија и поправете го со проѕирна пудра (translucent setting powder). Создава бариера што спречува пигменти и масла да бидат отпечатени на маската и дава мат финиш.
  5. Повторете го последниот чекор ако е потребно.
  6. Не заборавајте да понесете маска!
  7. Користете хидратантни креми или мелеми навечер и оставете ја кожата да дише.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Есенскиот шопинг е како утешна награда: денот е скратен како миење на 90 степени, но хеј, погледнете ги новите палта! Температурата паѓа од час...

Cotton Club

Живанши стана хит на Инстаграм во последните неколку дена со серија фотографии од новата колекција, која беше претставена од инфлуенсери од светот на модата,...

Route 66

Со задоволство ве информираме дека во оваа, 2020 година, брендот Range Rover го слави својот 50-ти роденден и по тој повод воведува специјално издание...

Green Tea

Предупредување: откако ќе го прочитате овој текст, би можеле да се оддалечите од вашиот мобилен телефон – со гадење 🙂 Бидејќи, гаџетите (мобилни телефони,...