Обичните смртници ги претворија своите домови во канцеларии оваа година, а новата работна облека стана хеланки и маици со тренерка. Дали сме сами во ова? Се сомневаме.

Но, Викторија Бекам никогаш не се обиде да биде обична смртница, па на својот Инстаграм профил објави фотографии како тоа го прави – во типична ВБ поза со едната нога крената на софата, покажа како може да се работи опуштено од дома во фармерки и џемпер.

Викторија дизајнираше нова колекција за својот бренд Викторија Бекам, која одговара на новите услови за живот и новите потреби за удобност, во кои главната улога ја играат меките плетени работи, џемпери со сјајни конци и различни модели на фармерки.

Домашните аутфити на Викторија Бекам се инспирација за работа од дома 2.0! Хеланките се враќаат на дното на плакарот…
