Новата боја на коса е најбрзиот начин да го промените вашиот изглед. Но, не е лесно за секого да донесе одлука. Бринетите тешко се одлучуваат да ја осветлат косата, а русокосите не е лесно да се убедат да ја затемнат својата фризура. На некои дами им требаат недели и месеци драматично да ја променат бојата.
Бојата на кожата, обликот на лицето, но и возраста на поединецот се само некои од факторите кои влијаат на тоа дали тие ќе изгледаат добро со светла или темна коса.
И додека повеќето жени претпочитаат една или друга варијанта, има и такви среќници кои можат да носат скоро каква било боја на коса и да изгледаат фантастично со неа.
Пејачката Ријана обожава да експериментира со боите и должините на косата, изгледа одлично со што и да и каже на својата фризерка. Оваа среќа ја споделува и Кети Пери, која ја гледавме во текот на нејзината кариера во сè, од розова коса до темно сини кадрици.
Погледнете ја нашата галерија со фотографии и видете кои сите славни дами изгледаат одлично без разлика каква боја на косата носат.