Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Зачекорете во новата година опремени со тренди облека и додатоци: Модни прогнози за 2021

Да ви кажеше некој во ова време минатата година дека ќе ја дочекате Новата година во пижами и дека поголемиот дел од работниот ден ќе го поминете на лаптоп на каучот, сигурно ќе ја тресевте главата сомнително.

Но, „новата нормалност“ полета и сите се обидуваат да се прилагодат на постојната ситуација најдобро што можат. Модата сепак бара креативност, затоа се занимаваме со предвидувања што ќе се носи во годините што следат.

Хобо чанти од деведесеттите години

Хобо торбата, што во превод значи „торба за скитници“, станува повторно популарна и се очекува нејзино големо враќање во текот на годината што претстои. Станува збор за торби кои имаат видлив патент во средината, и не се цврсти, па изгледаат како вреќа што виси. Предноста е во тоа што тие се практични, па затоа содржи сè што ви треба – од средства за дезинфекција, преку шминка, до резервни чорапи.

Плетена облека од глава до пети

Горниот и долниот дел од истата плетена облека до неодамна беше незамислив, а сега тоа покажува дека ги следите трендовите. Без разлика дали станува збор за здолниште или широки панталони, важно е да се чувствувате пријатно, но истовремено и елегантно. Скршете ја монотонијата со интересни детали како метален појас или голем брош.

...

Пуф-елеци за секоја пригода

Еве уште еден тренд создаден за живеење дома. Можете да ги носите преку маица, и тоа е одличен додаток на парче кога треба да излезете надвор да го шетате кучето.

...

Украсот ја чува главата

Едвај чекаме да дојде времето кога омилените прстени повторно ќе доминираат во стајлингот, но засега омилени украси се оние за главата и вратот – масивни ѓердани, екстравагантни шноли, панделки и обесени обетки, дури и ремени за на рамо. Значи, во основа сè што зазема централно место додека разговарате преку Skype, Zoom или Facetime.

Дискретен шарм на кожата

После неколку месеци криење на телото под слоевите облека, се чини оправдано ако сакаме да покажеме малку (но не премногу) кожа. Стандардно, отворен грб или деколте што може да се види – од боди, до плетени фустани, ова ќе биде разигран начин да додадете зимски шмек на вашата зимска гардероба.

...

И панталони и здолниште

Панталоните добиваат волумен и полека се претвораат во здолништа со нозе. Тие се лежерни и можат да се носат во секоја пригода. Поврзете ги со џемпер чиј раб ќе го пикнете во струкот, а кога ќе дојдат потоплите денови, одличен пар ќе биде стара памучна маица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Во моменти на страв и напади на паника, обично забораваме прво да дишеме, што само ја отежнува ситуацијата за нас. Затоа, д-р Ендру Вале...

Fool Moon

Почина на 87-годишна возраст. На почетокот на јануари, Лери Кинг беше хоспитализиран во Лос Анџелес, откако доби Ковид-19. Култниот новинар, еден од најхаризматичните анкетари...

Green Tea

Како да се зајакне имунитетот? Еден начин е да се следи внесот на цинк. Поради некоја причина, овој микроелемент често се заборава, иако неговиот...

Cotton Club

Комбинации на бои кои вреди да се погледнат! Бојата е деликатна работа. И можеби комбинирањето на боите е една од најтешките работи во модата....

Advertisement