Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Запомнете ги нашите зборови – овие трендови за убавина од модните недели ќе ги видиме насекаде!

Откако се збогувавме со модната недела во Њујорк и сега со нетрпение ги очекувавме ревиите во Лондон, Милано и Париз, решивме уште еднаш да се вратиме на она што ни го покажа американскиот главен град на модата за да ги издвоиме најинтересните „beauty look“ убавини, кадешто со сигурност можеме да кажеме дека тие ќе бидат водечки во сезоната пролет/лето 2022. Се разбира, ние ќе ве разбереме ако сакате да ги пробате денес, бидејќи тие се навистина неодоливи и тотално носливи во секојдневните прилики.

Она што дефинитивно било главната карактеристика на изданието за убавина од модната недела во Њујорк е носталгијата. Така, забележавме многу фризури и шминка што оддадоа почит на 60-те, 70-те, 80-те години на минатиот век, но некои неодоливо не потсетија на периодот од 2000-тите. Се разбира, секој од овие трендови што ги видовме порано, е прилагоден на денешницата, и така, во ново руво, изгледа уште подобро.

Откријте ги нашите омилени убавини и трендови подолу, кои сигурно ќе ги следиме следната сезона.

Малку поинаква плетенка

Ние ги сакаме плетенките во сите нивни форми! Добрата вест е дека ќе продолжиме да ги носиме, но судејќи според модните ревии на Bronx & Banco, Christian Siriano, Moschino и Collina Strada, сега треба да ги подигнеме на следното ниво со додавање детали како што се алки, панделки, мониста … само треба да го пронајдете деталот што најдобро ќе одговара на вашиот стил.

Акцент на очите

Ако до сега бевме во дилема дали ќе ставиме акцент на очите или усните во текот на следната сезона, сега знаеме – очите се тие што ќе го привлечат целото внимание. Монс, Прабал Гурунг, Ана Суи и Лакан Смит нè охрабрија да експериментираме со бои, форми, но и детали како кристали, што нам ни изгледа фантастично, иако можеби не е најпрактичното решение, барем за дневните варијанти. Секако, посветете повеќе напор на нагласување на изгледот и ставете ги усните во втор план.

Ретро фризури

Иако гледаме кон иднината, во сезоната пролет/лето 2022, кога станува збор за фризурите, всушност ќе гледаме кон минатото. Иконските фризури од 60-тите, 70-те и 80-те години повторно го заземаат нашето внимание, особено благодарение на модните ревии на Batsheva, Moschino и Ulla Johnson. Мега волумен, густи шишки или дамски пунџи – изборот е ваш, и дефинитивно не недостасува инспирација!

Впечатливи додатоци за коса

Можеби цветниот принт за пролет е толку очекуван што стана здодевен, но не можеме да негираме дека едноставно секогаш изгледа одлично, особено кога се ажурира. Неим Кан и Ана Суи ги предложија своите идеи за тоа како да се носат цветни детали оваа пролет, додека модната ревија на Алиса и Оливија покажа нови начини на носење scrunchie гумени ленти и упадливи штипки кои некако ги одбележаа раните 2000-ти. Поентата е – бидете храбри!

Модерно „чадено око“ (smokey eye)

Веќе споменавме дека акцентот ќе биде ставен на очите во текот на следната сезона, а еве уште еден начин да ги истакнете – ненадминливото чадено око! Иако овој изглед обично го поврзуваме со вечерни прилики, ревиите на Altuzarra и Alice & Olivia нè убедија дека е легитимно да се применува и во дневни прилики, затоа сметајте на нас!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Многу сопственици на куќи денес, барем оние што можат да дизајнираат свој дом, избираат винарски визби како една од клучните простории… Кога треба да...

Wall Street

Просторот за криптовалути сега вреди над 2 трилиони долари, и сите од производители на автомобили од висока класа до луксузни туристички компании се борат...

Fool Moon

Пинк често се смета за женствена, несериозна, нежна, романтична … но низ историјата ја носеа моќни жени кои беа незаборавни во фустани во различни...

Cotton Club

Новиот простор од 800 квадратни метри ќе го содржи најдоброто од овој бренд, вклучувајќи колекции Ready-to-Wear, чанти, чевли и додатоци. Исто така, ќе содржи...

Advertisement