Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Елегантните здолништа се враќаат на летната мода

Во последниве години, здолништата станаа вистински протагонисти на летниот стил.

Факт е дека здолништата никогаш не излегуваат од мода, но во последните сезони тие се ослободија од формалниот карактер и станаа парчиња облека што се носат од утро до вечер во сите прилики.

Сепак, ова лето, рамнотежата повторно се менува и модерните жени инвестираат во женски и разноврсни модели. Миди што дишат, плисирани кои ги сакаат дами од кралските семејства, бохо шик макси здолништа со принт и секако вашите омилени тексас модели се само некои од варијациите што ќе ги видите оваа година кај жени кои ги следат актуелните модни трендови.

Новиот стил што сè почесто го гледаме се здолништата кои наликуваат на парео – со чвор облик на предната страна, во светли бои, изработени од лесни ткаенини и со принтови. Се разбира, не заборавајте на мини стилот. Шик и елегантни дизајни со висок струк, копчиња и карнери ги прават мини здолништата поелегантни од кога било, соодветни за сите часови во текот на денот.

Погледнете некои од најубавите летни стајлинзи со здолниште во главната улога и одберете го вистинскиот стил за себе.

Целосно здолниште со принт

Здолниште со висок шлиц

Миди тексас здолниште

Црно-бело винтиџ здолниште со туфна

Миди здолниште со цветни мотиви

Црно здолниште со прерамки

Сатенско слип здолниште

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понудите почнуваат од 1.000 долари, но цената се очекува да биде многу, многу поголема на крајот… Британскиот компјутерски научник Тим Бернерс-Ли го продава оригиналниот...

Green Tea

Навистина „златен“ зачин! Куркумата се нарекува златен зачин не само поради нејзината боја, туку и поради нејзините корисни својства. Тој е еден од најефикасните...

Fine Living

Роберт Редфорд го продава својот ранч за коњи, во близина на Санденс, планинско одморалиште што го основал во Јута во текот на 1960-тите. Имотот,...

Cotton Club

Bottega Green е можеби главната нијанса на сезоната. Интензивното зелено стана еден вид симбол на генерацијата Z, заменувајќи го Millennial Pink на оваа позиција....

Advertisement