Можеби 2021 година е стара само два месеци, но се чини дека ова ќе биде година кога Ела Емхоф ќе оствари многу од своите соништа.
Ќерката на Камала Харис е студентка по мода, неодамна потпиша договор со агенција за моделирање и сега има свој деловен потфат, лансирајќи колекција парчиња трикотажа.
Ела Емхоф дебитираше на модната писта Проенца Шулер за колекцијата Есен 2021 на 18 февруари и истиот ден реши да ја претстави својата нова колекција преку својот профил на Инстаграм. Фешнистката создаде колекција која се состои од плетени елеци и капи. Карактеристики на нејзините креации се светлите бои и нивната комбинација, што ја прави уште попосебна.
Нејзините креации се достапни во апликацијата „Мол“, но ако сакате да набавите парче, мора да побрзате бидејќи поголемиот дел е распродаден. Поточно, дизајнерката обезбеди пет парчиња во нејзината колекција, од кои три се распродадоа за само 30 минути.