Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ева Лонгорија им пркоси на жештините во нејзиното омилено летно парче – кафтан, а вниманието го привлече и со розовите (тренди) додатоци…

Актерката Ева Лонгорија го искористи сончевиот ден за да оди на ручек со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго. За оваа пригода ѕвездата на серијата „Домаќинки“ избра шик издание во кое главна ѕвезда е (тренди!) кафтан од етнички стил, но и ефективни додатоци во една од најпопуларните бои оваа сезона…

Ева Лонгорија, 47-годишна актерка, по семејниот одмор во Марбела, Шпанија, се врати на Беверли Хилс и реши да се бори со горештините таму – со стил!

За одење на ручек во ресторан во Беверли Хилс, актерката избрала популарен летен фустан – кафтан, шармантен етнички стил кој е собран на половината и има мали реси на крајот.

Станува збор за модел со потпис на брендот LemLem, кој се издвојува со шлиц на страна кој делумно ги открива нозете, широки ракави и длабоко деколте во форма на V.

Овој модел наречен „Јеши“ се карактеризира со геометриски обрасци кои му даваат ретро атмосфера.

Актерката го искомбинирала овој непогрешлив фустан со високи потпетици и чанта во розови тонови, со кои го разиграла стајлингот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Пејачката Лана Дел Реј беше уловена од папараците на плажа во Рио де Жанеиро, а во преден план е нејзиниот изглед кој многу се...

Green Tea

Ако сте работеле неуморно цел живот за да станете еден од најбогатите луѓе на планетата, ќе ви биде простено што сакате да забавите, да...

Cotton Club

Познатата оскаровка Џесика Честејн изгледаше одлично пред студиото на NBC во Њујорк. За снимањето на Today Show, 46-годишната актерка се одлучи за комбинација на...

Fool Moon

Познатиот холивудски актер и заводник Ал Пачино чека дете со својата девојка Нур Алфала, која е во осмиот месец од бременоста. Оскаровецот (83) и...

Advertisement