Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Деловната елеганција стана заштитен знак на Кејт Мидлтон, а посебно внимание привлече со бел костум со познатиот потпис што го избира за важни ангажмани…

Војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, заедно со нивната ќерка, принцезата Шарлот, посетија еден од натпреварите на Комонвелтските игри што се одржаа во Бирмингем. За своето појавување на овој спортски настан, британската војвотка избра докажана модна комбинација која веќе имавме можност да ја видиме, а во која главна ѕвезда е моќниот бел костум со потпис на непокајаниот дизајнер Александар Меквин…

Британската војвотка, 40-годишната Кејт Мидлтон одамна сфатила дека едноставните кроеви најмногу и прилегаат и со задоволство ги прифатила, а тие станале нејзин заштитен знак.

За спортскиот настан „Игри на Комонвелтот“, во кој е многу вклучено кралското семејство, идната кралица влезе во елегантен бел костум што доаѓа со потписот на брендот на непокајаниот британски дизајнер Александар Меквин.

Станува збор за парче кое британската војвотка веќе го носела во многу наврати и секој пат (повторно!) се покажува како инвестиција која вреди да се има во гардеробата.

Британскиот миленик го комплетираше ова непогрешливо издание со балерини со отворени потпетици од луксузниот бренд Camilla Elphick и додатоци со суптилен сребрен синџир и соодветни обетки.

Кејт истото одело го носеше на Јамајка, за време на турнеја по Карибите, а најчесто го избира за многу важни кралски ангажмани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Во текот на изминатите три години од своето основање, Little Car Company со седиште во Велика Британија се прослави со создавање прекрасни, рачно изработени...

Fool Moon

Актерката Скарлет Јохансон (37) е на одмор со пријателите и сопругот Колин Џост на јахта во Хемптонс, а во оваа прилика познатата русокоса предизвика...

Green Tea

Многу жени фантазираат за телото на познатата руска манекенка и актерка, а сега дознаваме што прави таа за секогаш да биде во топ форма....

Fool Moon

Серена Вилијамс отворено проговори за својата одлука да се повлече од светот на тенисот, но и за постпородилната депресија и тешките одлуки со кои...

Advertisement