Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дали сонувате за Хермес подароци под вашата елка? Еве 5 одлични идеи кои никого нема да остават рамнодушен

Со празничната сезона пред нас, можеби ќе бидете исполнети со чувство на великодушност – или барем повеќе од вообичаено.

Веруваме дека оваа сезона сакате да си подарите нешто вредно, но и да го видите изразот на воодушевување и изненадување на лицето на вашата сакана осова додека ги одвиткува своите подароци.

Доколку навистина сакате да ги расположите вашите најблиски оваа година, подарете им подароци од Хермес. Францускиот луксузен бренд има многу внимателни предлози кои ќе ја насмеат дури и личноста во вашиот живот која не ги сака новогодишните празници.

Подароците на Хермес се движат од практични до украсни, од традиционални до неконвенционални. Тие се разновидни како и личностите на луѓето што ги сакаме.

Во галеријата издвоивме подароци кои се направени за секој кој ги цени убавите работи во животот. Изберете ги вашите омилени дарови.

Велосипед од јасеново дрво со корпа
„Сакам да возам велосипед! е она што сигурно ќе го каже примачот на овој подарок кога ќе види што сте купиле. Со своите впечатливи линии и бои, овој велосипед е веројатно визуелно најубавиот што можете да го добиете за авантуристите во вашиот живот.

Сет од 3 чаши – Promenade Au Faubourg
Како да го направите вашиот партнер помалку мрзлив наутро? Со тоа што ќе го разбудите со вкусно кафе што ќе го послужите во една од прекрасните порцелански шолји на Хермес. Ова трио е рачно испечатено со илустрација на Promenade au Faubourg која првпат се појави на еден од брендираните марами на францускиот бренд. Ја прикажува прошетката по улиците на Париз, кои Хермес ги нарекува дом, што ќе ги разбуди најубавите чувства кај вашата сакана кога ќе го започне денот.

Rouge Hermes мат кармин во розова магента нијанса
Воодушевете ја вашата поубава пловина со Rouge Hermes карминот. Формулиран да биде и навлажнувачки и мат, овој кармин ќе ги остави вашите усни кадифено меки. Доколку сака впечатлива розова боја, ќе биде опседната со оваа нијанса на лимитирано издание, која е интензивна и долготрајна. Карминот е спакуван во елегантна и еколошка кутија за полнење, што го прави овој подарок вистинско мало богатство.

H24 тоалетна вода за мажи
Ако има нешто што може да го убеди мажот во вашиот живот да се одлучи за препознатлив мирис, тоа е H24. Знаете дека е посебен затоа што е првиот машки мирис што Хермес го создаде во последните 15 години и навистина вреди да се чека. H24 ќе додаде доза на свежина на аурата на оној што го носи со привлечни ноти на нарцис, жалфија и цветно розово дрво.

Часовник Faubourg Polka изработен од розово злато и дијамант
Новиот дамски часовник Хермес е оној кој тешко може да се одбие. Тенката нараквица Faubourg Polka е комбинирана со изненадувачки мал бројчаник обложен со дијамант, што ја прави и часовник и парче накит во исто време. Со својата ласкава надворешност од розово злато, ќе изгледа убаво на различни тонови на кожа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Има голема разлика во годините меѓу овие познати парови, но иако се на мета на секојдневни критики, нивната љубов нема граници. Големата разлика во...

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Advertisement